Претставничката на ОЕБС за слобода на медиумите, Дуња Мијатовиќ, ги повикала властите во Украина на новинарите да им осигура безбедност поради тоа што ноќеска беше убиен украински новинар. „Бев ташна кога дознав дека новинарот на укаински Дневник, Вјачеслав Веремиј бил убиен ноќеска. Неговата смрт е најлош чин на насилство кое ги трпат припадниците на медиумите од почетокот на протестите од декември минатата година. Безбедноста на новинарите мора да биде осигурана, особено во текот на немирите“ порачала Мијатовиќ. Во пресметките до сега се убиени најмалку 26 лица. Повредени и хоспитализирани се 263 демонстранти од кои 27 новинари, починати се девет полицајци, а 342 имаат рани од огнено оружје.