Офанзива на украинските сили во правец на Доњецк (Видео)


Укринските сили извршиле артилериски напади врз јужните делови на Доњецк, јавија руските медиуми повикувајќи се на тврдења на проруските сепаратисти од градот.

ukrajina-donjeck-bobmardovanje-aerodrom-tanjug-1401114919-504885Ова се први инфромации за напади во јужните делови на Доњецк, бидејќи дспега судири меѓу украинските сили и сепаратистите досега се водеа во северните и западните доњецки предградија.

При нападот украинските сили користеле ракети од типот „Град“, но засега нема инфромации за ранети или загинати.

Артилериски напади имало и во градот Хорвик, во близината на Доњецк, додека во Луганск биле вклучени сирените за опасност од воздушен напад, но градот не бил бомбардиран.

Според тврдењата на сепаратистите, при напади на украинската армија врз градовите под нивна контрола во петокот, загинале 19 лица, а околу 60 биле ранети.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1