Фудбалскиот клуб Вардар добива нов спортски директор, во името на една од најголемите легенди на клубот и македонскиот фудбал Дарко Панчев. Ова ќе биде негово враќање во клубот по неколку фодини.
Официјалната промоција на новиот спортски директор ќе биде извршена во петок во 11ч во просториите на Фудбалската академија, се вели во соопштението на ФК Вардар.
Дарко Панчев најдобрите моменти во кариерата ги доживеа во Вардар каде на 151 натпревар во периодот од 1983 до 1988 постигна 84 голови, како и се разбира во Црвена Ѕведа со која беше европски првак, а за период од 4 години даде 84 погодоци на 91 натпревар, една година ја освои и Златната копачка. Покрај Вардар и Црвена Ѕвезда, тој настапуваше и за италијанскиот великан Интер, Локомотив Лајпциг, Фортуна Дизелдорф и Сион.
За македонската репрезентација на 6 натревари има постигнато еден гол, а Југославија на 27 натревари постигна 17 голови.