ОФИЦИЈАЛНО ја превземаа одговорноста за нападите – Еве кој го нападна Париз


Исламска држава денеска ја презеде одговорноста за терористичките напади во Париз.

Во официјалното соопштение на исламистичката група се наведува дека борците од ИД, со појаси со експлозив и вооружени со автоматско оружје, ги извеле нападите на неколку локации во центарот на Париз. Нападите биле внимателно планирани.isis dezerteri vojnici

Цел на нападите, според ИД, била на Франција да и се покаже дека ќе остане главна цел се додека продолжува со својата политика.

Во меѓувреме, медиумското крило на ИД, Медија центар Ал Хајат, објави видео со закани за Франција, доколку таа земја продолжи да ги бомбардира нејзините припадници.

– Се додека продолжите да не бомбардирате, нема мирно да живеете. Ќе се плашите и до пазар да одите, изјави еден од екстремистите на арапски јазик, опкружен од други припадници на ИД.

Претходно, францускиот претседател Франсоа Оланд денеска изјави дека терористичките напади во Париз биле организирани однадвор, со помош на лица во Франција. Тие одат на контото на терористичката група Исламска држава. Истрагата треба да го разјасни учеството на помошници и соучесници во Франција. „Преземени се сите мерки заради заштита на нашите граѓани и нашата државна територија“, истакна Оланд. Во земјата е прогласена тридневна жалост, а за в понеделник претседателoт на државата свика вонредна седница на Конгресот, односно двата дома на Парламентот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1