Руската тениска ѕвезда Марија Шарапова заработи суспензија до 2018 година од страна на Интернационалната тениска федерација (ИТФ).
Шарапова беше условно суспендирана во март откако призна дека имала позитивен тест на контроверзното летонско средство за срцеви болести на Австралискиот опен во јануари.
Мелдониумот стана забранета супстанција од 1 јануари 2016, и оттогаш имаше над 200 позитивни случаи, по што Светската анти-допинг агенција (ВАДА) советуваше тие кои имаат мало количество во системот да не бидат суспендирани. Шарапова, која десетина години го користела средството, сепак, немаше мало количество.
ИТФ објави дека суспензијата се смета од 26 јануари 2016, што значи дека руската тенисерка е суспендирана до 26 јануари 2018 година.