Оган проголта 21.500 евра 30.000 швајцарски франци во Кичевско


Пожар на првиот кат во семејната куќа на четирисет и шестгодишниот М.Л. од кичевското село Србица ја проголта целата заштеда на семеството – 21.500 евра и 30.000 швајцарски франци.

Вчера утрото оштетениот пријавил во кичевската полиција дека избувнал пожар на првиот кат. Екипа на Територијална противпожарна единица Кичево го изгаснала пожаро, а освен без пари, М.Л. останал и без мебел.

Извршен бил увид од страна на увидна екипа од Полициската станица Кичево.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1