Ограбен ресторанот „Ден и ноќ“


deninokНепознат сторител во времето од 02,00 до 08,00 часот во Скопје, извршил тешка кражба во ресторан „Ден и ноќ“, при што одзел метална каса во која имало 1.750 евра и околу 55.000 денари.

Како што соопшти денеска МВР, со употреба на погоден предмет, крадецот делувал на врата од ресторанот, влегол внатре, ја одзел касата и го напуштил лице местото. Со тоа, се стекнал со противправна имотна корист од околу 180.000 денари. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1