Станот на актерот Бранко Милиќевиќ, попознат на овие простори како Бранко Коцкица, вчера бил ограбен.
Крадците од неговиот стан украделе четири рачни часовници, накит и револвер кој и припаѓал на сопругата на Бранко.
Кражбата се случила во периодот меѓу 14 и 18 часот, кога Бранко и неговата сопруга биле во театарчето “Пуж“.