Непознат сторител вчера утрото нападнал битолчанка додека вадела пари од банкомат, ја турнал и и го одзел паричникот во кој имало 5.000 денари, по што избегал.
Битолчанката Д.Ѓ.(41) на вториот кат од Новиот пазар вадела пари од банкомат, а сторителот и пришол од зад грб, ја турнал и од рака и го грабнал паричникот во кој имало 5.000 денари.
Сторителот ги одзел парите, по што паричникот го фрлил и го напуштил местото на настанот. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и целосно расчистување на случајот.