На 05.08.2017 година околу 21,10 часот во Скопје во Градски Парк, од страна на две непознати лица лица извршено е разбојништво над Д.П.(28) од Скопје, на тој начин што додека седела со нејзина другарка И.Б.(28) исто така од Скопје им се доближиле сторителите, при што едниот и вперил пиштол во пределот на градите, и им ги одзеле чантите.
Во чантата Д.П. имала паричник со 1.300 денари, лични документи и мобилен телефон, а додека пак од И.Б. одзеле 1.200 денари, рачен часовник и мобилен телефон, по што го напуштиле местото на настанот.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.