Нов ресторан кој го носи името Охрид синоќа се отвори во австралискиот град Мелбурн. Ресторанот не само што е крстен по името на балканскиот Ерусалим туку и целосно е уреден во охридски стил.
Изградени се реплики на куќички со охридска архитектура, во состав на ресотранот е направена и црква Свет Петка. Единствено панорамата на Свети Јован, на Канео е презентирана преку голем постер кој е залепен на ѕид, а на тоа се одлучиле бидејќи било тешко и невозможно да се направи реплика на овој охридски симбол.
Македонците во Мелбурн сега ќе можат макар на кратко да се почувствуваат дека се во Охрид, но ова е и една добра презентација за Охрид во оваа далечна земја населена со луѓе од целиот свет кои и на овој начин ќе може да почувствуваат дел од Охрид и македонската кујна во Австралија.
Ohrid1.mk