Охрид повторно добива градски автобуски превоз


По долгогодишен прекин, во Охрид од утре ќе бидат воведени две линии за градски автобуски превоз, што ќе го поврзуваат централното градско подрачје со периферните делови од градот.07102014175955_ohrid-1728x800_c

Како што беше појаснето на денешната прес-конференција, автобусите на автобускиот превизник „Галеб“ ќе сообраќаат секој ден во периодот од понеделник до сабота од 5:30 наутро до 22:30 часот на двете релации, по симболична цена од 20 денари и 600 денари за месечен билет.

Директорот на „Галеб“ Димитар Василевски истакна дека првата линија ги опфаќа: населбата „Гоце Делчев“, „Видобишта“, улица „7 Ноември“, булевар „Туристичка“, Градска болница, „Момчило Јорданоски“, додека на втората линија автобусите ќе сообраќаат од меѓуградска автобуска станица, преку булевар „Железничка“, булевар „Туристичка“, улицата „Јане Сандански“, „Питу Гули“ повторно до булеварот „Железничка“.

Василевски истакна дека иако за „Галеб“ градскиот превоз нема да биде економски оправдан, градските линии се воведуваат како активности на фирмата за општествена одговорност. Тој додаде дека превозот ќе биде бесплатен за учениците, како дополнување на посебниот ученички превоз, најавувајќи дека доколку постои интерес, двете линии ќе бидат оперативни и во неделите.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1