Охридскиот суд пресуди: 16 години затвор за српскиот државјанин за убиството во Охрид


Основниот суд во Охрид го осуди на 16 години затвор српскиот државјанин 29 годишниот Бојан Угреновиќ за убиството на 26 годишниот Димитар Матилоски од Охрид, што се случи на дочекот на Нова година на 1-ви јануари оваа година во центарот на градот. srbin-ognenovic-ubistvo-ohrid

За време на главниот претрес Бојан Угреновиќ ги прифати сите наводи во обвинението за кое се товари и се изјасна за виновен, при тоа бранејќи се со молчење. Критичната вечер Угреновиќ физички го нападнал Матилоски во кафе барот Табана, а потоа надвор му задал удари, од кои еден во пределот на лицето, кој бил фатален за младиот охриѓанец.

Преку правниот застапник семејството на убиениот Димитар Матилсоки истакна оштетно побарување во висина од 10 милиони денари за претрпената загуба и душевна болка, што ќе биде предмет на граѓанска постапка. При текот на постапката семејството на Матилоски не беше задоволно од текот на судењето, особено за правната квалификација на делото „убиство“, наместо „сурово убиство“, како што сметаа тие, при што Угреновиќ би добил помалку години затвор.

TvNova.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1