Од Интерно одделение при охридската болница во полиција синоќа било пријавено дека кај нив било донесено повредено лицето Д.Ц.(53) од Охрид.
Полицијата веднаш излегла на терен при што дознале дека вчера Д.Ц. со Г.Н. пиеле ракија од пластично шише, на една од тезгите во Градски пазар во Охрид, при што и двајцата биле видно под дејство на алкохол.
По кратко време Г.Н. си заминал, а околу 23:25 часот, Д.Ц. бил забележан како лежи.
По укажаната лекарска помош од страна на доктор било утврдено дека Д.Ц. се здобил со крварење во мозокот и е во животна опасност.
Истиот ќе биде пренесен на лекување во Одделението за неурохирургија во Скопје.
Увид на лице место извршила екипа од СВР-Охрид и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.