Охриѓанец присилувал сограѓани да гласаат за политичка партија


Охриѓанец им се заканувал на негови сограѓани и им вршел притисок да гласаат за одредена политичка партија на изборите в недела, соопшти Министерството за внатрешни работи.

izbori livcinjaСВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.У. (39) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „повреда на слободата на определување на избирачите”.

Пријавениот во четвртокот упатил сериозни вербални закани кон жител на Охрид присилувајќи го него, како и лицата блиски до него, да гласаат во интерес на една политичка партија.

Против Н.У. и досега по повеќе основи биле поднесувани кривични пријави

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1