Охриѓани на бензинска наместо гориво добивале вода


На бензиската пумпа на Лук Оил во Охрид, вчера се вратиле педестина возила кои тука наточиле гориво, а во резервоарите добиле вода , дознава Охрид 1 од свои извори во инспекциските служби, а во моментот кога новинарите заминале на местото затекнале нервозни граѓани кои бурно реагирале и инспектори кои проверувале на лице место.

LUKOILГраѓаните кои тука точеле гориво имале проблеми со своите возила на кои им ”гаснел ” моторот заради водата која им била наточена во резервоарите.

Инспекцијата излегла на терен и извршила увид на лице место, земени биле мостри од горивата, а според извори од граѓаните кои биле погодени вработените тврделе дека се работело за скинато црево од кое се излеала вода.

Инаку според информации од инспекцијата, ова е втор пат да се случи на безниските на Лук Оил во Охрид да се точи вода место гориво.

Од вода во резервоарите, гаснеле автомобили, но и камиони, а на бензиската пумпа новинарите затекнале и камиони, меѓу кои и една цистерна чиј шофер бурно реагирал затоа што останала ” на пат со возилото ”.

 Дел од луѓето кои тврдеа дека наместо гриво на бензиската на Лук Оил им ставиле вода најавија дека ќе поднесат приватни тужби против фирмата, пишува Охрид1

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1