Полицијата откри 35 саксии со канабис сатива во авто-кампот „Андон-Дуков” во Охрид и поднесе кривична пријава против две лица.Како што информира Министерството за внатрешни работи, на 1-ви јуни, при извршен претрес во близина на викенд куќа во авто-кампот „Андон Дуков” во Охрид, пронајдени биле 31 импровизирана саксија со вкупно 38 растенија од растението канабис сатива, додека четири саксии со 13 растенија дополнително биле пронајдени во близина на терасата.
Во врска со ова, СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Н.(27) и М.П.(19) двајцата од Охрид поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на опојни дроги, психотропни супстанци и прекурсори”