Охриѓанка уценувала: Дај ми 5.000 евра ќе сведочам во твоја корист


Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „уцена“ СВР Охрид поднесе кривична пријава против К.К. (49) од Охрид.55783-sud

-На 23 декември минатата година, пријавената, во повеќе наврати од нејзиниот мобилен телефон, до В.Ш. од Охрид испратила смс пораки со цел преку него, од лицето А.Т. да оствари противправна имотна корист од 5000 евра. Бидејќи А.Т. се наоѓал во притвор, пријавената, преку порака барала од В.Ш. да оствари контакт со братот на А.Т. и да му земе 5000 евра со цел таа, пред судот да даде исказ поволен за него, соопштуваат од полицијата.

Пријавената барала 3000 евра да и бидат веднаш исплатени а 2000 евра на почеток на  новата 2015 година.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1