Основното јавно обвинителство на Скопје денеска достави барања до СЈО, МВР и до Основниот суд Скопје 1 да им бидат обезбедени податоци и документација кои им се потребни за расветлување на случајот за смртта на Коста Крпач, дознава Плусинфо.
Според досегашниот тек на истрагата, пред шест дена Крпач со свој пиштол си го одзел животот во семејниот дом. Наводно, тој оставил и проштално писмо.
Неговото тело, по наредба на ОЈО беше однесено на обдукција, но стручниот наод засега е тајна.