ОЈО Тетово го истражува убиството во Мала Речица, мотивот се уште непознат


Јавното обвинителство на Република Македонија соопшти дека дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово извршил увид во тетовска Мала Речица, на местото каде што според првичните информации 53-годишен тетовец ја лишил од живот својата сопруга.

Според ЈОРМ, мотивот за настанот што се случил во семејната куќа на родителите на починатата се уште се истражува.

Напуштајќи ја куќата, осомничениот пукал и кон такси-возило во близина. Таксистот не е повреден, но пронајдени се проектили во автомобилот. По настанот осомничениот избегал и по него се трага.

Надлежен јавен обвинител издаде наредба за обдукција на починатата, како и наредби за прибирање и за вештачење траги и материјални докази пронајдени на самото место.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1