Околу 1.000 Македонци ќе ги бодрат нашите кошаркари во Јесенице


Во Јесенице кошаркарската репрезентација на Македонија ќе ја бодрат околу 1.000 навивачи, пренесува Дојче веле. Македонците се отидени делумно со посредство на туристички агенции а делумно во лична режија.

Салата во Јесенице во која ќе се игра Евробаскетот има капацитет од 5.500 гледачи. Во Јесенице ќе има и фан-зона за сите оние кои нема да успеат да влезат во салата додека играат нивните идоли. Фан зоната се отвора на пладне а се затвора во 2 часот по полноќ. Покрај спортската содржина ќе има и забавна, со концерти на музичари.

kosarka

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1