За време на поплавите во Србија 798 лица биле пријавени од блиските за изчезнати, но 215 од нив веќе се откриени, соопшти српското МВР.
Тие луѓе не се сметаат за загинати. Во повеќето случаи станува збор за луѓе кои се спасиле самостојно или биле евакуирани и изгубиле врска со блиските.
Или за тие, кои одбиле да бидат евакуирани и останале во своите домови. На некои места зафатени од поплавите се уште нема струја, што значи дека луѓето не можат да ги контактираат своите блиски.
Вчера српскиот премиер соопшти дека досега 27 лица ги загубиле животите во поплавите. Тој истакна дека конечната бројка ќе биде соопштена подоцна.