Околу Ајфеловата кула се лепат плакати со Шешељ?


Париз денеска осамна со стотици плакати околу Ајфеловата кула, во кои се бара негово пуштање од Трибуналот во Хаг. Во акции на различни политички организации во Париз се излепија плакатите на кои пишува „ Liberez Vojislav Sesel “ односно „Ослободете го Воислав Шешељ“, а покрај тие плакати стои и „ Stop a la dictature Américaine , што во превод значи „Стоп на американската диктатура“.  Според Српската радикална партија, судењето на Шешељ предизвикува се поголемо внимание на француската јавност која во ова судење гледа сличност со некои судски постапки во Франција, како казнувањето на Жан Мари Ле Пена, поранешниот претседател на Националниото фронт. „Шешељ има сериозни здравствени проблеми, од кои повеќето се поврзани со труење. Шешељ е жртва на политика и ненавремено лекување. Карла дел Понте призна дека неговиот случај е политички и нема да се врати во Србија“  пишува на страницата на Континенталните единици.

files

news-2014-Februar-seselj_ajfelovv_681826637

Александра Смилеска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1