Омажена за милијардер – признава дека е размазена


Камалија Захур е украинска поп ѕвезда која е омажена за британскиот бизнисмен Мухамед. И додека тој со својот приватен авион патува во Пакистан, Дубаи, Лондон, Москва, Одеса и Шпанија каде го води својот бизнис, таа оди на масажа, во теретана и во шопинг каде дневно може да потроши и 60 000 фунти.

– Уживам во шопингот, па кој не ужива? Среќна сум што можам тоа да си го дозволам! – вели 38 годишната Камалија.Screenshot_18

Но таа не била богата целиот свој живот. Родена е во брак на руски војник и украинска домаќинка. Кога имала само 9 години била изложена на радијација од Чернобил, по што добила рак на лимфните жлезди. Лекарите ја предупредиле дека можеби никогаш нема да има деца.

Но имала среќа. Во брак со Мохамед е 11 години, а близначките Арабела и Мирабела ги добиле пред само 15 месеци.

– Се чувствувам благословено што конечно успеавме да станеме родители. Близначките сега се центар на нашиот свет. Ги сакам најмногу на светот – вели Камалија.Screenshot_20

Таа има две дадилки за децата кои се будат рано со татко им, а неа ја оставаат да поспие. Денот потоа тече вака – таткото оди на работа, децата одат на часови по пливање со инструкторка а Камалија е на часови по пеење, во теретана, на базен и сауна.

Живеат во Киев. Загрижени од судирите во Украина, размислуваат за купување на недвижности на Беверли Хилс.

– Јас сум голема среќничка што не морам да се грижам за иднината – вели Камалија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1