Омилените 82 автомобили на ТИТО: Го возел Брежњев во „101“, Софија Лорен во кадилак


Тито ја возел актерката Софија Лорен во кадилак а Брежњев во 101! Самиот тој во животот се возел во најмалку 82 негови автомобили, пишува Мирослав Милутиновиќ, автор на книгата „Автомобилите и Јосип Броз Тито”. Тој вели дека опсесијата на Тито со автомобилите започнала кога имал само 20 години и кога работел како пробен возач во фабриката за автомобили „Даимлер”.tito sofija loren

Имаше многу автомобили, што негови, што државни, но никогаш ниту еден од нив не подарил некому од семејството. На внуците за полнолетство им купи автомобили, но не им ги даваше неговите, вели внукот на Тито, Јошка Броз.

Тито возел 13 „застави”, 12 „кадилаци”, 11 „мерцедеси”, осум ЗИС-ови, три џипови, две БМВ, но и „мајбах”, „линколн”, „бјуик”…Tito koli

Интересно е што Тито за време на војната возел само сојузнички автомобили, а кога можел ја промовирал и домашната индустрија, па така Брежњев го возел во „застава 101″.

Титовата опсесија со автомобилите, Милутиновиќ ја докажува и со примерот кога, припитомувајќи дива кобила, ја нарекол Мерцедес.tito koli2

Vecer.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1