27 годишната Клаудија Феликс велат дека е лидер на најмоќниот мексикански нарко картел. Згодна и опасна се зборовите со кој ја опишуваат. Иако таа ја негира поврзаноста со картелите и нелегалниот бизнис, сепак приказните за неа не стивнуваат.Американските разузнавачки претставници сметаат дека овој клан е еден од најмоќните организации за трговија со дрога, и се одговорни за поголемиот дел од шверцот на хероин во САД.
Многу ја сакала Ким Кардаишијан, и секојдневно на социјалните мрежи постира провокативни фотографии исто како и таа – го добила и прекарот мексиканска Ким.
Приказната е дека Клаудија го преземала водството на организацијата откако нејзиниот сопруг Осија Гамбоа беше уапсен во јануари. Потоа таа преживеала и атентат наменет за неа. Во хотел наместо Клаудија била убиена девојка која личела на неа – убиецот ја помешал Клаудија со убиената Јурина Торес. Отогаш Клаудија е опкружена со вооружени телохранители кои ја следат во секој момент.
Од целиот арсенал на оружје кој го поседува и рекламира на социјалните мрежи, интересно е што таа има розов Калашников.