Опасен отров на улиците – отруени десетици животинчиња во Велес


Десетици домашни миленици се отруени во синоќешната хајка што против домашни животни се случи во центарот на Велес. Од труењето со опасен отров во моментов за живот се борат неколку домашни миленици на велешани кои живеат во централното градско подрачје. Активисти на граѓанското здружение „Гласот на животните“ цел ден се справуваат со последиците што ги предизвикаа несовесни луѓе и се обидуваат да спасат што поголем број на мачиња и кучиња-пишува Дума.

MACKA-300x168Синоќа, час пред полноќ, се случи масовното труење на домашните миленици. Сопствениците на кучињата и мачките кои тогаш биле дома успеаја да ги спасат. Тие што задоцнија се соочија со страотна глетка. Тела на угинати животни лежеа по сокаците и маалата во стариот дел на градот.

Мачиња неможеа да одат, паѓаа и се бореа за воздух, постојано мрдаа со нозете. Истата глетка ме пречека и во дворот каде моето куче беше во иста состојба. Веднаш му дадовме таблета против отров, варевме домашен шербет и со шприц му дававме да голта. Моите деца се растрчаа по сокакот и додека имавме таблети со активен јаглен им ги стававме во уста на животните, “ раскажа велешанка.

Таа не беше единствена која синоќа беше преплашена од последиците од отровот бидејки беше очигледно дека е пресилен. Со доместос и други сретства беше организирано миење на сокаците на кои денеска играат деца. Денеска на помош беа повикани и членовите на граѓанското здружение „Гласот на животните“. Тие ја продолжија акцијата за спасување на домашните животни. Донесоа инјекции, таблети и местеа инфузии. Претседателката Магдалена Горгиева случката ја пријави во полиција.

Деновиве седум мачиња биле отруени на Којник и едно куче кај маркет на трговски ланец на периферијата на градот. Од „Гласот на животните“ апелираат граѓаните да бидат претпазливи како со своите миленичиња така и со децата бидејќи отровот кој се фрла по улиците бил многу опасен

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1