Опасната „супер бактерија“ откриена во морските води околу Рио де Жанеиро


Бразилските експерти ја пронајдоа опасната „супер бактерија“, отпорна на сегашните антибактериски лекови во морските води, каде едриличарите и сурферите ќе се натпреваруваат во текот на летните Олимписки Игри во Рио де Жанеиро, во 2016 година.

„Супер бактеријата“ обично се наоѓа во болничкиот отпад и го прозведува ензимот КПЦ кој е отпорен на сите сега познати антибиотици.

bakterija

Ескперите во Бразил, ја откриле оваа бактерија во примероците вода земени кај познатата плажа Фламенго. Речиси 70 отсто од отпадните води и канализацијата на овој град, во кој живеат десет милиони жители, се излеваат во океанските води во заливот Гуанабара.

Бактеријата е пронајдена и во крајбрежието на реката Кариока, а посебно на местото каде реката се влева во заливот на плажата Фламенго.

Властите го предуоредија населението во тој дел од Рио де Жанеиро да бидат „максимално внимателни„ при користењето на водата и го забранија капењето на плажата, но голем дел од луѓето го игнорираат ова предупредување.

„Супер бактеријата“ може да предизвика тешки инфекции во човековите организам, а посебно на удар се уринарниот тракт, како и белите дробови и стомакот. Евентуално инфицираните со оваа бактерија мора да бидат лекувани во болници и под строга лекарска контрола.

При предложуањето на овој бразилски град за домаќин на летната Олимпијада,локалните власти ветија дека ќе ја намалат загаденоста на заливот Гуанабара за 80 отсто, но градоначалникот на Рио, Едуардо Паес призна неодамна дека таквата цел не ќе може да биде достигната.

Летните Олимписки Игри во Рио де Жанеиро ќе се одржат во текот на август 2016 година.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1