Опасни домати од Албанија требало да се увезат во Македонија – вратени се


Земјоделскиот инспекторат заплени и врати во Албанија над 20 тони зелка и домати од Албанија заразени со карантински штетници. Во инспекторатот велат дека станува збор за увоз од струмичка фирма, која не ги почитувала законите за заштита на растенијата. Доматите и зелката биле спакувани во холандези и гајби, кои претходно не биле дезинфицирани. Можноста карантинските штетници да се пренесат кај нас била стопроцентна, велат во инспекторатот за Дневник.

Tomatoes are sorted during the first harvesting of the year at a greenhouse in the refugee settlement of Tserovani– Станува збор за два камиона. Во едниот биле натоварени 11,7 тони домати, а во другиот 10,3 тони домати и 1,7 тон зелка. Амбалажата во која е сместен зеленчукот воопшто не била третирана според правилниците за заштита на здравјето на растенијата и на луѓето. стоката е веднаш вратена на албанска територија,  имало можност преку амбалажата во земјава да се внесат опасни карантински штетници, кои би можеле да бидат погубни за нашето земјоделство.– вели Румен Стаменов, директор на Земјоделскиот инспекторат.

Според законот, ако се направи пропуст и се случи контаминирани производи да влезат на домашен пазар, казната за фирмата може да биде до 20.000 евра, а казни има и за одговорното лице, но и за инспекторите што дозволиле стоката да дојде до крајниот потрошувач.

– Kарантинските штетници многу тешко се искоренуваат и затоа треба посебно внимание да се обрне на граничните премини. Во услови кога во Струмица зелката се продава по 8 денари, не ни е јасно зошто воопшто се увезува зелка – велат земјоделците.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1