ОПАСНО: Зошто не треба да влегувате со чевлите во вашиот дом?


Иако некои од бактериите се добри за нас, ако некогаш сте се соочиле со стомачен вирус, тогаш ќе знаете дека другите видови на бактерии и не се баш добри за нас.

Истражување спроведено од страна на Универзитетот во Аризона пронајде во просек 421.000 различни бактерии на чевлите. Колиформи, бактериски показател за нивото на хигиена во храната и водата (и универзално присутни во изметот), бил забележан под 96% од чевлите.noze stikli cevli

Покрај тоа, била откриена ешерихија коли во 27% од чевлите, заедно со уште седум други видови на бактерии, вклучувајќи и Klebsiella pneumoniae, која може да предизвика инфекција на уринарниот тракт и Serratia ficaria која може да предизвика респираторни инфекции.

„Одиме низ измет од птици, отпад и различни бактерии кои се поврзани сое шерихија коли“, вели Кели Рејнолдс, д-р микробиолог и професор на Универзитетот во Аризона.

Истражувачите потоа сакале да дознаат за пренесувањето на бактериите од чевлите до подовите на домовите. Тие откриле дека пренесувањето на бактерии до домот се движи од 90% до 99%.

Д-р Чарлс Герба, микробиолог и професор на Универзитетот во Аризона вели: „Честата појава (96%) на колифирмни и ешерихија коли од надворешната страна на чевлите укажува на чест контакт со фекален материјал кој веројатно потекнува од подовите во јавните тоалети или во контакт со фекалии од животните. Нашето истражување посочува дека бактериите можат да се следат од чевлите до вашиот дом откако чевлите биле контаминирани со бактерии“.

Подовите во јавните тоалети содржат околу два милиони бактерии на 0.00064 квадратен метар.

Истражување кое доаѓа од Универзитетот во Хјустон покажува дека 39% од чевлите содржат бактерија Clostridium difficile што претставува закана за јавното здравство која е отпорна на голем број антибиотици. Оваа бактерија може да предизвика голем број здравствени проблеми, вклучувајќи и дијаерја.

Уште една закана во вашиот дом: Отрови

Друго истражување направено од страна на Меморијалниот институт Бателе покажа дека отровот од вашиот тревник може да влезе во куќата. Дополнителнот на тоа, истражување од Универзитетот Бејлор открива дека луѓето кои живеат близу до асфалтни патишта со јагленов катран имаат зголемен ризика од рак од отровите, а овие токсини можат да се најдат и на вашите чевли.

„Помислете само кога врни. Патиштата може да имаат хемикалии, а овие хемикалии се пренесуваат на вашите чевли и можат да бидат однесени во вашиот дом“, вели Д-р Рејнолдс.

Решението

Истражувањето од Универзитетот во Аризона открива дека миењето на чевли со детергент во машината за перење алишта го намалува присуството на бактерии за дури 90%. Дополнително на тоа, потребно е да ги чистите вашите подови и теписи користејќи средство за дезинфекција за тепих.

Но за да ги избегнете сите проблеми и вашата куќа да биде чиста, експертите велат дека најдобро би било да го оставите чевлите пред вратата колку што е можно почесто.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1