Опасност од тероризам: Италија советува “бидат претпазливи” доколку патувате во Македонија


Министерството за надворешни работи на Италија ги советувало своите државјани во земјите од Западен Балкан, меѓу кои е ѝ Македонија, да патуваат “претпазливо”, поради можност од терористички напади.

На мапата, која според податоците од министерството ја објавил порталот Corriere.it, еднакви мерки се препорачуваат за сите Италијанци кои сакаат да патуваат во било која земја од западен Балкан.

alitalia

На интерактивната мапа останатите категории ги вклучуваат препораките: “Бидете претпазливи – жолта”, “Не патувајте доколку не е неопходно – портокалова”, “Не се препорачува – црвена”, и “Без посебен ризик – зелена”.

Покрај тоа, Министерството за внатрешни работи на Италија, ја означило Црна Гора како потенцијална точка од каде терористите би можеле да влезат во тој регион.

Официјален Рим наведува дека ги означил пристаништата Анкона и Бари како евентуални мети на терористички напади.

Тие затоа ја повикале локалната управа на максимална претпазливост, прецизирајќи дека италијанските пристаништа се точки за влез на терористи од Албанија, Косово и Црна Гора.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1