Операција Агрогор: Прв уапсен поранешниот финансиски директор


Хрватската полиција утрово влезе во куќата на поранешниот финансиски директор на Агрокор Иван Црњац, по што тој беше приведен.

– Се се темели на неправилностите во книжењето, фалсификувањето на билансот, изјави Љубо Висковиќ, адвокат на Црњац, кој за хрватската државна телевизија потврди дека неговиот клиент е лишен од слобода.

Хрватската политица утрово, во рамки на акцијата „Агрокор“, изврши претрес во „Кулмеровата палата“ во Загреб, сопственост на основачот на концернот „Агрокор“, Ивица Тодориќ.

Освен тоа, повеќе од 300 полицајци во моментов вршат претрес на повеќе од 60 локации. Со истрагата би можеле да бидат опфатени десетици лица поради сомнение за извршување повеќе кривични дела од сферата на стопснскиот криминал.

Хрватските медиуми наведуваат дека Ивица Тодориќ е надвор од Хрватска. Тој се наоѓа во Лондон и објавува постови на својот блог. Откако полицијата утрово влезе „Кулмеровата палата“, тој повторно се огласи, порачувајќи дека институциите на правната држава нема да пронајдат никакви кривични дела во однос на Агрокор.

„Притисокот на политиката и медиумскиот линч, кој беа правосудство веќе донесе пресуда, покренаа агресија кон мене и луѓето, кои ве уверувам, не се виновни. Да пронајдоа само едно евро кое сум го отуѓил или проневерил, јас веќе би бил во затвор“, напиша Тодориќ.

„Не сум подготвен да гледам и чекам, преку добро познатите обрасци, политички декрети, како во некои мрачни времиња, да се натрупува божемна криминална количина од која не можам да се бранам“, напиша Тодориќ.

Тој дополни дека со својот хрватски и меѓународен правен тим подготвува одбрана и тужби, кои во судски епилози, ќе ја расветлат и пред правдата ќе ги изведат ониуе кои со криминални активности и неуставен закон создадоа параван за најголемиот грабеж на приватен имот во современа Европа.

Принудниот управник за Агрокор, Анте Рамљак минатата недела најави дека поради неправилности поднел кривична пријава против одговорните лица во тој хрватски концерн.

Тој не сакаше да прецизира против кого се кривичните пријави, истакнувајќи дека станува збор за лица од претходната Управа на Агрокор.

– Натаму останува државното обвинителство да го заврши својот дел од работата, истакна Рамљак.

Ревидираниот финансиски извештај за Агрокор Група и Агрокор д.д. покажа дека со години се прикажувала добивка, а компанијата работела со загуби, изразени во стотици милиони евра.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1