Возилото „Мини Купер“ на пратеникот на СДСМ Хари Локвенец синоќа околу 23.00 часот било опожарено од непознати сторители.
Локвенец вчера беше во Преспа на потпишувањето на Договорот меѓу Македонија и Грција.
Како што е наведено во полицискиот билтен, Х.Л. (48) од Прилеп синоќа во во СВР Битола во 23:05 часот пријавил дека околу 23:00 часот непознат сторител го опожарил патничкото возило „Мини Купер“ со прилепски регистарски ознаки, сопственост на неговиот татко.
Екипа на Територијалната противпожарна единица-Прилеп го изгаснала пожарот.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.