Опозицијата не прифаќа он-лајн собраниски седници


Наместо Заев да дели мандатни писма, нека го прочита мандатното писмо на народот. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ смета дека денешната Владина седница на која премиерот им делеше задолженија на министрите е гол популизам на власта. Според опозицијата, Заев не може да решава проблеми кои самиот ги креира. Партискиот Генерален секретар денеска пред Владата прочита серија барања кои како што рече, народот ги испраќа до власта.

Јанушев ја отфрли можноста законодавниот дом да заседава на онлајн седници. Тој рече дека таквата иницијатива за ВМРО-ДПМНЕ е неприфатлива.

Неговиот сопартиец и колега од Собранието, на социјалните мрежи иницијативата на Џафери за одржување на онлјан седници ја нарече знак за нефункционалноста на владејачкото мнозинство.

„Овие околности најавуваат дека власта често ќе биде неспособна да ги собере во кворум пратениците кои ја изгласале. Затоа под превезот на “пандемијата и дигитализацијата” ќе се обидат да ја сокријат својата неефикасност со проект за онлајн Собрание. Парадокс е како еден шофер може да биде на работното место во автобус, еден наставник може да биде на работното место во училница, еден лекар може да биде на работното место во болница, новинарот и градежниот работник исто така, а 61 пратеник со високи плати и добри услови за работа наводно заради здравствен ризик не можеле да дојдат на своето работно место.“ – напиша Милошоски на социјалните мрежи.

Иницијативата за онлајн седници на почетокот на неделава ја лансираше собранискиот Претседател Талат Џафери, потенцирајќи дека за нејзина имплементација ќе биде потребна согласност од Собранието. Власта може да обезбеди мнозинство за вакви деловнички измени, но пракса е тие да се носат со поширок консензус меѓу пратениците

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1