Опозицијата денес ќе блокира 3 улици во Скопје


Опозицискиот „Сојуз за иднината“ ги продолжува протестите – денес истовремено ќе блокираат  три прометни улици во Скопје.
protest sdsmЌе бидат блокирани крстосниците на „Партизанска“ пред Симпо, мостот „Гоце Делчев“ кај Владата и пред Тутунски комбинат“ кај „Стара рампа“.

– Свесни сме дека овие блокади, можат да предизвикаат непријатности и нервоза кај граѓаните, но имајќи предвид дека се работи за отпор против режим, апелираме за трпение и поддршка за протестите, рече Георгиев.

За денес протестен марш е закажан и во Куманово.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1