Луксузната вила на американската водителка Опра Винфри е уништена во големата природна катастрофа која ја зафати Калифорнија деновиве.
Вилата на Опра се наоѓа во Санта Барбара и целосно е уништена во наносот на вода.
„Повторно се молиме за нашата држава“, напиша водителката, која го сподели видеото.
Не е позната судбината на десетици луѓе по лизгање на земјиште во јужна Калифорнија.
– Во потрага сме по 43 луѓе … Овој број постојано се менува, изјави шерифот Бил Браун од Санта Барбара.
Досега, потврдена е смртта на 17 лица. Поплавите во југозападната американска држава уништија многу куќи и го прекинаа сообраќајот.
Природната катастрофа беше предизвикана од обилните дождови во понеделникот и вторникот во областите уништени од големиот пожар во Калифорнија минатиот месец.