Определен притвор за четворица од приведените за нападот врз Зијадин Села


Судот им определи притвор од 30 дена на четворица обвинети за нападот врз Зијадин Села на 27 април.

„По предлог на надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, судија на претходна постапка определи мерка притвор во траење од 30 дена за четири лица кои се под истрага за сторено кривично дело убиство во обид сторено во соизвршителство“, соопшти ОЈО.

За петтото лице за кое обвинителството исто така предложи определување на мерка притвор, поради влошена здравствена состојба судот дополнително ќе одлучи.

Постапката што се води против овие лица се однесува на настаните во Собранието од 27 април и нападот врз Зијадин Села.​​

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1