Доколку пречесто размислувате за здравата исхрана и се присилувате да јадете одредена врста на храна, можно е да станувате премногу опседнати со здравата исхрана и да сте паднале во еден вид на орторексична нервоза (оседнатост со правилна исхрана), тврди докторката Маја Николиќ, од Клиничкиот центар во Ниш.
Здравата исхрана и на балканските простори станува популарна. Иако тоа генерално е добро, личноста која себе си се присилува да јаде одредена врста на храна, може да стане опседната со тоа. Болестите се се повеќе присутни во западните земји, но и во земјите во транзиција, а популацијата е бомбардирана со тоа која е здрава исхрана, а која треба да се избегнува.
„Тоа некако ја отежнува одлуката на потрошувачите, да одберат што е квалитетна исхрана. Жените се загрозени од мажите. Пореметувањето е приметено кај личностите кои постојано ги разгледуваат списанијата и размислуваат што е добро да се јаде“, вели докотрката Николиќ.
Позитивниот одговор на шест од десет наведени прашања може да укаже на орторексија: Дали повеќе од три часа дневно размислуваш на правилната исхрана? Дали своите оброци ги планирате неколку дена однапред? Дали вам хранливата и нутритивната вредност на намирниците ви се поважни од задоволството кое што го чуствувате во приликата на купувањето и конзумирањето на истите тие намирници?
Дали сметате дека квалитетот на вашиот живот се намалува кога се подобрува квалитетот на вашата исхрана и дали станувате строги кон себе си во погледот на здравата храна? Дали ви расте самодовербата кога јадете здрава храна, дали често, наместо храна која ја обожавате, јадете помалку вкусна храна.
Доколку имате четири до пет позитивни одговори, би требало да се опуштите повеќе, барем кога е во прашање исхраната, а шест и повеќе од позитивните одговори укажуваат на орторексија.