ОПШТИНА ЦЕНТАР ИМ ГИ ОДЗЕМА ЗВУЧНИЦИТЕ НА КАФУЛИЊАТА МОШ И МАККА – ПУШТАЛЕ ГЛАСНА МУЗИКА


Кафулињата „Мош“ и „Макка“ во центарот на Скопје останаа без опремата за озвучување, бидејќи пуштале гласна музика. По направените инспекции од Општина Центар било констатирано дека овие два локали ја надминуваат дозволената граница за бучавост, по што им е издаден налог да ги отстранат звучниците.

„Доколку при следната контрола се констатира дека не е отстранета опремата, тогаш кафулињата ‘Мош’ и ‘Макка’ ќе заработат и казна од 6.000 евра“, вели градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ.

Од Општина Центар апелираат до сите управители и сопственици на угостителски објект во Општина Центар да се придржуваат до постоечките правилници, да имаат обѕир кон жителите кои живеат во непосредна близина на нивните локали и да се придржуваат до Законот за заштита од бучава во животната средина.

„Во спротивно, за сите измерени надминувања на граничните вредности на бучава ќе се преземат законски пропишаните мерки и ќе бидат изречен поригорозни санкции, во согласност со Законот за заштита од бучава во животна средина“, велат од Општината.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1