Општина Сарај ги ослободува од општински даноци поранешните војници на УЧК


Сите поранешни војници на Ослободителната народна армија, кои се жители на општина Сарај, се ослободени од комуналните давачки на ЈКП “Сарај”, во општина Сарај. Таквата одлука денес ја донесе Општинскиот совет во Сарај – пренесува порталот на албански јазик “Тetovasot”.

Таквата одлука е ветување на градоначалникот на општина Сарај, Блерим Беџети, каде што беше и дел од изборната програма.

Општина Сарај сега ќе формира соодветна комисија за да ги регистрира сите поранешни војници на ОНА и да им ја подели одлуката дека се ослободени од комуналните давачки на ЈКП “Сарај”, во општина Сарај.

Таква одлука каде поранешни војници на ОНА се ослободуваат од давачки за прв пат се реализира во општина Сарај, како што велат со една ваква одлука се почитува славното националното минато на Албанците во Македонија и го институционализира историското минато на локално ниво.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1