Општина Центар формира комисија за спорните парцели на Водно


Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски денеска формираше комисија за да испита што точно се случува на подножјето на Водно, откако пред три дена лидерот на СДСМ, Зоран Заев објави аудио – снимки во кои премиерот Никола Груевски говори за менување на урбанистички планови, за како што наведуваат од СДСМ, купување на парцели од премиерот во вредност од 5 милиони евра. Општина Центар ќе ја испита историјата на ова земјиште, но истовремено ќе им помогне на граѓаните да ги заштитат своите интереси што живеат во овој дел на Скопје.

vodno plac

„Општината и јас, како градоначалник сме тука пред сè да ги заштитиме интересите на граѓаните. Тажно е да се види како зелен појас на Водно, поради нечиј интерес, се претвора во место за парцели за домување“, истакна градоначалникот Жерновски. Првиот човек на општина Центар најавува дека ќе ги преземе сите механизми за да се спречи узурпацијата на Водно.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1