Насилството да запре, а политичките партии да почнат да се подготвуваат за избори, ова денеска го порача евроамбасадорот Аиво Орав, кратко време откако Трајо Вељаноски распиша избори на 5 јуни.
Тој присуствуваше на промоција на проект финансиран од ЕУ за зајакнување на владеењето на право и рече дека се надева оти п литичките лидери ќе преземат целосна одговорност и конечно ќе почне да ја решаваат оваа длабока политичката криза.
– Постојано има идеи што да се направи со судскиот систем во земјава, но тоа може да биде успешно само во нормален политички процес каде што ќе се врати владеењето на правото, доколку политичарите престанат да ја трошат својата енергија на бесцелни политички дебати и во атмосфера на неказнивост. Сакам да повикам да престанат намерни провокации за политички цели бидејќи тоа е неприфатливо. Ако почне да се шири насилството навистина е тешко да се сопре и ќе ги поткопа напорите за европска интеграција на земјата. За таа цел ги повикуваме сите страни да се вртат на маса да дискутираат и да се подготвуваат за кредибилни избори – рече Орав.