Орбан го призна поразот – Унгарската опозиција ја освои Будимпешта


Нов градоначалник на Будимпешта е Ѓерѓељи Карачоњи, кандидатот кој беше поддржан од неколку опозициски партии, покажаа резултатите од локалните избори по околу 80 отсто од преброените гласови.

Карачоњи освоил 50,1 отсто од гласовите, додека Иштван Тарлош, кандидатот на владеачката партија Фудес на премиерот Виктор Орбан доби 44,8 отсто од гласовите.

Орбан го призна поразот, рече дека Будимпшета изгубила добар градоначалник но дека тој си добил добар консултант.

Излезноста на вчерашните избори изнесуваше околу 50 отсто, што е еден од најголемите одѕиви.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1