Оргазмот е лек за се


Оргазмот не е само контракција на мускулите која води до моментално чувство на задоволство, неговото дејство на нашиот организам е многу поголемо, а многу луѓе не се ни свесни за тоа.

orgasm

За корисните дејствa на оргазмот пронајден е уште еден научен доказ. Новото истражување тврди дека оргазмот ја зголемува активноста на сите делови на мозокот. Истражувањето го спровел американскиот професор Бери Комисарук, невролог. Овој автор прв, пред десет години се бавеше со влијанието на оргазмот на мозокот. Како што тврди, освен што ги придвижува мозочните спреги, оргазмот ја отстранува и болката.
„Оргазмот го засилува протокот на крв до мозокот, што не може да има лоши ефекти. Сите хранливи материи ги носи до него,“ изјави тој.
„Малку знаеме за сексуалното задоволство. Важно е да разбереме како мозокот го произведува, кои делови создаваат интензивни чувства, и како тие сознанија можеме да ги искористиме за некои цели. Важно е да откриеме дали резултатите од истражувањето можат да се искористат против депресија, анксиозност,болка и некој вид на зависност.
Еве за што се друго е лек оргазмот – порталот Зазабава ги собрал придобивките од оргазмот на едно место.

Помага на циркулацијата

Коосновачката на Женскиот сексуален медицински центар на “UCLA” универзитетот, д-р. Џенифер Бергман, објаснува дека оргазмите ја подобруваат циркулацијата и ја водат крвта кон гениталиите со што ткивото се одржува во поздрава состојба.

Кардио вежба

Иако не може да биде алтернатива на дневното вежбање, оргазмот е кардиоваскуларна активност. “Се забрзува биењето на срцето и протокот на крв, а се подобруваат и респираторните функции”, вели Бергман. Исто така, затоа што оргазмот е сроден со трчањето според многу физиолошки аспекти, вашето тело ослободува ендорфини.

Го подобрува расположението

Покрај ендорфините, допамините и окситицините, односно хормоните кои поволно влијаат на расположението, нема никаков сомнеж во позитивниот ефект на оргазмот. Всушност, допаминот е истиот хормон кој се отпушта при консумирање на дрога како кокаинот – или кога ќе се изеде нешто навистина вкусно.

Полесно се спие

Уживањето оди “рака под рака” со квалитетниот сон. Неодамна, едно истражување спроведено на 1,800 жени откри дека 30% од нив користат сексуално олеснување како природен седатив.

Го чува здравјето на мозокот

Оргазмот не е добар само за срцето, туку и за главата. Психологот Бери Комисарук објаснува дека оргазмот го храни мозокот со кислород.

“Во текот на оргазмот, жената прима повеќе кислород од вообичаено.”

Природен лек против болки

Оргазмот може да лечи мигрени и менструални болки. Судејќи според Бергман, контракциите може да го олеснат исфрлањето на грутките во текот на менструалниот циклус и да осигураат привремено олеснување.

Го намалува стресот

“Финтата” не е само во хормоните, туку и во тоа што сексуалноста на нашиот мозок му нуди “издувен вентил”. “Претрупани сме со обврски и не се наоѓаме во моментот. Да се биде сексуален подразбира да се фокусирате само на една работа.”

Ви дава природен сјај

Има нешто во тоа дека сјаеме после секс. Хормонот DHEA (дехидриоепиандростерон), чија количина се зголемува во текот на сексуалното возбудување, може да ја направи кожата поздрава.

Помага на емоционалното здравје

Последно, но не и најмалку важно: кога знаете што ви е потребно за да постигнете оргазам, ја подигнувате емоционалната сигурност и интелигенција. “Кога го разбирате вашето тело и сте свесни дека е способно за уживање, без оглед на статусот, донесувате подобри одлуки во врските. Не ви е потребен никој друг за да ви потврди дека сте сексуално суштество”, вели психологот Логан Левкоф.

 

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1