Доцна синоќа ограбен е Кам маркетот на улица „Џон Кенеди“ во Скопје.
Маскирани и вооружени, двајцата разбојници од вработените изнудиле 30 илјади денари.
Откако ги земале парите избегале во непознат правец.
Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителите.