Судот во Франција пресуди компанијата PIP (Poly Implant Prothes) да им исплати оштета на околу 300.000 жени поради неисправни силиконски импланти.
Судот исто така заклучил дека компанијата ТУВ Рејнхард ги занемарила своите обврски и и’ дала безбедносна дозвола на германската компанија.
Шест дистрибутери на импланти и 1.700 жени ја тужеа компанијата ТУВ Рејнхард која дала дозвола PIP имплантите да се пуштат во продажба.
Оштетата која ја бараат тие од компанијата е 50 милиони долари.
Имено гелот кој бил ставан во имплантите не ги исполнувал безбедносните стандарди па поради тоа имплантите пукале.
Тужителите за почеток добиле по 3.000 евра за да им бидат остранети неиспавните имплатанти.