Оштетен патот во Маврово – Сосе патот ќе се струполиме в езеро


Пропаѓа асфалтот на регионалниот пат кон ски-центарот во Маврово. Дупката од година в година станува сe поголема и подлабока, бидејќи водата од Мавровското Езеро над кое се наоѓа патот го поткопува потпорниот ѕид. Сопствениците на викендички и на хотели велат дека го чекаат денот кога некој автомобил или автобус полн со туристи ќе се струполи сосе пат во езерото, пишува Вест.

mavrovo pat“Патот е многу уништен, но освен ветувања од власта од пред 3-4 години дека ќе биде поправен, до сега ништо не е направено. Од страв дека ќе се случи катастрофа кога доаѓаат поголеми групи туристи со автобус, ги пречекувам кај браната и возам пред нив”, вели за Вест сопственик на еден од хотелите во Маврово.

Според викендашите и хотелиерите, носечките столбови на потпорниот ѕид кои се изградени уште во 1952 година, со години не се санирани. Единствената и последна поправка, според нивните информации, била направена уште пред 15 години. ЈП за државни патишта смирува дека патот не е толку многу уништен како што тврдат викендашите и хотелиерите и дека откако ќе изберат фирма на тендер, ќе го санираат.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1