Во екот на изборната кампања за предвремените парламентарни избори, во петокот оштетен е штаб па политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, во кавадарци, а запалени се билборди на кои бил поставен политички материјал на партијата ДУИ.
Имено, во петокот околу 12,30 часот во Куманово на крстосницата од ул.„11-ти Октомври“ и ул.„11-ти Ноември“, како и на ул.„ЈНА“ од страна на непознат сторител било извршено оштетување на два билборди на кои бил поставен материјал од ДУИ. СВР-Куманово превзема мерки за пронаоѓање на сторителите.
Истиот ден, околу 14,25 часот телефонски во полицијата „Ѓорче Петров“ било пријавено дека на раскрсницата од ул.„Ѓорче Петров“ со ул.„Кузман Шапкарев“, од страна на непознат сторител оштетени, делумно изгорени, биле двa билбордa со фотографии на претставници на ДУИ. Се работи на целосно расчистување на случајот.
Во петокот ноќта пак, од 23 до 23.45 часот во Кавадарци на ул.„Моша Пијаде“, од страна на непознати сторители било извршено оштетување на штаб на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, при што биле скршени стаклата од прозорот на задната страна на објектот.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од полициската станица-Кавадарци. Се работи на целосно расчистување на случајот.