Осигурувањето нема да ви плати ако возилото е оштетено поради лошо гориво


Осигурителните компании во државава не признаваат оштетување или расипување на возилото ако причина е неквалитетно гориво, па дури тоа да е и каско осигурено. Тоа значи дека осигурителната компанија може да исплати ваков тип штета само по основа на полиса за „Одговорност од употреба на производ“, но тој вид осигурување кај нас воопшто го нема.

benzin4– Во нашата компанија таков тип штети досега не се пријавени. Впрочем, овие штети, според условите за осигурување од автомобилска одговорност, кои важат за сите компании, ниту според условите за каско осигурување, не се предмет на осигурително покритие. Тоа значи дека осигурителната компанија може да исплати ваков тип штета само по основа на полиса за „Одговорност од употреба на производ“. Сепак, поради реосигурителните ограничувања, овој тип осигурување за конкретниот продукт наведен во прашањето не е достапен на нашиот пазар- велат во „Винер осигурување“.

Со сличен одговор и од „Еуролинк“. Kај нив досега никој не се пожалил дека има проблеми со возилото како резултат на неквалитет.

Дневник

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1