Мексиканската полиција во понеделникот го ослободила фудбалерот Алан Пулидо (25), кој во саботата бил киднапиран во близина на својот дом.
Напаѓачот на грчкиот шампион Олимпијакос „се чувствува добро и не е повреден“, стои во соопштението на властите на сојузната држава Тамаулипас, без притоа да објават повеќе детали за акцијата за ослободување на Пулидо.
Членови на семејството на Пулидо, раскажале дека шестмина масирани и вооружени мажи го грабнале фудбалерот во Сиудад Викторија, додека бил со својата девојка. Младата жена била пуштена од напаѓачите, а на полицајците им рекла дека не знае во кој правец бил одведено нејзиното момче.
Регионот во кој бил грабнат Пулидо е еден од најопасните во Мексико поради трговијата со дрога и честите киднапирања.
Пулидо, во кариерата има одиграно шест натпревари за репрезентацијата на Мексико, тој на почетокот на сезоната пристигна во Олимпијакос, одигра 15 натпревари и постигна шест голови.